Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ:  Tребаше да одлежи уште една година

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска- Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, објави Тв 21. 

Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година. Комисијата, по барање на Талески и неговите адвокати, го уважила нивното барање во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатиле делумно намалување на остатокот од затворската казна.

Талески по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016-та година, претседателот Ѓорѓе Иванов колективно потпиша аболиција на 56 луѓе,  главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола. Талески се сомничеше за финансиски злоупотреби за превоз на ученици од тогашното СЈО за што беше формиран и предметот „Транспортер“. Во 2022 година, Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески е осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања во организирање на бесплатниот училишен превоз, но затоа што во куќен притвор помина три години, за одлежување му останаа уште четири.

Слично

Поврзани вести