Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска Давкова го отповика Дане Талески од НАТО

Силјановска Давкова го отповика Дане Талески од НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша Укази за отповикување на седум амбасадори, меѓу кои и Дане Талески, македонскиот амбасадор во НАТО. Според одлуката, Талески ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година.

Се работи за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји, и две организации. За останатите дипломати мандатот завршува на 30 ноември годинава.

Меѓу отповиканите се Данчо Марковски во Албанија и Теуга Агаи Демјаха која е шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.


Слично

Поврзани вести