Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова го кажа ставот за тоа дали треба да има предвремени избори

Сиљановска-Давкова го кажа ставот за тоа дали треба да има предвремени избори

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова не мисли дека е добро да има предвремени избори. Нејзиниот став го оправдува со тоа што вели дека во земјава имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и дека е добро да се завршат некои од нив.

Сиљановска-Давкова ставот го изнесе во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Претседателката рече дека техничката влада, и покрај тоа што функционира, нема уставен основ. Таа вели дека постојат технички влади кои се формираат во амбиент на криза или пред избори, но тие се или експертски, со некој економист на чело на владата, или составени од бирократи.

„Нашата влада се вика техничка, но ништо техничко нема во неа. Техничкото се врзува за стручност и компетентност, а никогаш за партиска припадност. Значи, ние имаме една препартиска изборна влада. Мора да кажам дека и покрај тоа што функционира, нема уставен основ. Кога реков препартиска, мислев на структурата“, вели таа. 

Според неа, врз оваа влада чудна надлежност има Државната изборна комисија кога се работи за спорови врзани за финансиите, а во Изборниот законик, додава таа, нема ниту збор.

фото принтскрин 

Слично

Поврзани вести