СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: И армијата ќе се вклучи во гаснењето на пожарите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.
Ангажманот на припадниците на Армијата следи откако вчера Владата прогласи кризна состојба за период од 30 дена.
Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.
Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани.
Пожари има во скопско, во Крива Паланка, Дојран и на други локации.
Маж од околината на Крива Паланка е втора жртва на пожарите ова лето.
Слично
