Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена

И македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова е против промена на грбот и химната. 

Таа вели дека не сака нови конфликти.  Објасни химната ја одразува историската меморија на земјата и нема потреба од никакви промени.

„Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена. Таа не само што е одраз на сегашноста, туку изразува и историски белези кои не треба да се менуваат. Иако химните во повеќето држави имаат важна историја и значење, ние не сме тие кои ќе решаваме дали и како тие треба да се менуваат“, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа рече дека државниот грб,  претставува повеќе географски отколку историски симбол.

„Не сум против отварање на ова прашање, но моментално сметам дека не е време за тоа“, додаде претседателката.

Таа се плаши дека отворањето на овие прашања ќе донесе нови етнички конфликти и ќе ги оддалечи напорите за справување со посериозни проблеми. 

Инаку, и од ЗНАМ кажаа дека е против промена на грбот. Претходно, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека со Вреди разговараат за промена на државниот грб. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред неколку дена кажа дека Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести