Сиљановска-Давкова доби револвер на подарок од Ердоган
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова нема да го користи револверот што како подарок го добила од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту ќе има каков било контакт со него, потврдија за „Слободен печат“ од нејзиниот Кабинет.
Подарокот, според информациите од Кабинетот, е примен преку државниот протокол и преку дипломатска пошта, а согласно процедурите ќе биде донесен во Скопје. Оттаму посочуваат дека револверот ќе биде соодветно евидентиран во Кабинетот на претседателката и дека со него ќе се постапи според Законот за оружје.
Турски медиуми објавија дека Ердоган на лидерите на НАТО им подарил гравиран револвер и кутија со муниција.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
Слично
