Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова: Да се размисли за можноста за ограничување на градоначалничкиот мандат

Сиљановска-Давкова: Да се размисли за можноста за ограничување на градоначалничкиот мандат

Да се размисли за можноста за ограничување на градоначалничкиот мандат, предлага претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Во контекст на локалните избори, според неа, треба да се разгледа и опцијата – изборот на еден ист градоначалник да се лимитира на два мандати.

„Ако има граница во парламентарните системи, кај претседателите со церемонијални функции, тогаш да бидам искрена, кај нас системот на локална самоуправа се квалификува како квазипретседателски, со многу силни ингеренции на градоначалниците. Оттука, нешто што е невообичаено, министри, пратеници се одлучуваат да конкурираат за градоначалничка функција“, вели Сиљановска-Давкова.

Дополнителен проблем, според неа, е отсуството на друга извршна власт, покрај градоначалникот, во смисла на локална влада, во форма на извршен одбор, извршен совет или повеќе извршни тела. Тоа, вели Сиљановска-Давкова, претставува силна концентрација на моќ.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести