Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова попладнево на прес-конференција изјави дека не сме сами во оваа трагедија, затоа што за помош се јавија не само соседните, туку и подалечните земји. 

„Добрите луѓе од целиот регион и Европа се со нас“, рече претседателката. 

Рече дека без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност. 

„Да ги здружиме силите околу преживеаните и да не дозволиме никој да ги загрозува животите на невините луѓе“, вели Сиљановска-Давкова. 

Нагласи дека ова не е време за делби. Повика на сплотеност. Во Кочани во пожар во дискотека ноќеска загинаа 59 луѓе. 

Слично

Поврзани вести