Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека според информациите што ги има од британскиот амбасадор и од Владата, не се точни тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти.

Вели дека за ова се зборувало уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. 

„Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате за резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа вели дека не треба да се губи времето во креирање дополнителни поделби. 

Според СДСМ, власта на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише тој договор зошто тоа е врзано со кредитот од 6 милијарди евра.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести