Сиљановска – Давкова: Малку е покомплицирано, има повеќе листи, но според мене тоа дава поголем демократски легитимитет
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска гласаше на избирачко место во општина Центар. Таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори.
„Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. Се покажа дека, иако пратениците пропуштија да го сторат тоа што им е основна обврска, да ја пополнат правната празнина после одлуката на Уставниот суд, стравот беше беспричински. Да, има повеќе кандидати колку што гледам, ама веројатно граѓаните добија и повеќе избор. Јас си ја извршив мојата граѓанска обврска, очекувам тоа да го сторат и другите граѓани. Внатре беше мирно, наликуваше на обичен ден. Очекувам уште денеска да дознаеме како се движат работите. Се разбира, бидејќи за градоначалниците има и втор круг, мислам дека она што денеска го видов, една досадна изборна граѓанска слика, да се повтори и во вториот круг”, изјави претседателката по гласањето.
Граѓаните гласаа во првиот круг од локалните избори.фото Фејсбук
