Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА ДО АХМЕТИ: Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација

СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА ДО АХМЕТИ: Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова одговори на обвинувањата на ДУИ дека им е одземен легитимитетот. Таа вели дека секогаш нашите Влади биле мултиетнички и не гледа мајоризација. Додаде дека на изборите има еден победник. 

Претседателката му испрати порака на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека е опасно е да се биде секогаш на власт, затоа што власта оптоварува.

Таа изјави дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Од ДУИ најавуваат редефинирање на правниот поредок на државата, односно, според нив, тенденциите на новата Влада се минирање на сè што е постигнато од 2001 година досега.

ДУИ бара почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

фото Фејсбук/Гордана Силјановска Давкова

Слично

Поврзани вести