Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Лариса - почувствуван е и во Македонија

Силен земјотрес во Лариса - почувствуван е и во Македонија

Земјотрес со jaчина од 5,9 според Рихтер повторно ја потресе Грција, при што е почувствуван и во делови од Македонија. 

Потресот е со епицентар 27 км од Лариса, на длабочина од 2 км. Лариса се тресеше и вчера, а во Грција има 11 повредени, но и причинета материјална штета. 

Во Грција денеска имаше најмалку 20 земјотреси. 

На интернет се појавија видеа кои покажуваат колку страшно изгледал потресот, но и какви штети оставил зад себе. 

Снимки направени со дрон ја покажаа сликата од разурнатите места. 

Слично

Поврзани вести