Силен земјотрес почуствуван во доцните часови
Силен земјотрес со јачина од 4.1 степен ноќеска три минути пред три часот ја стресе Македонија, а најмногу бил почуствуван во западниот дел од земјата.
Според мерењата на Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) јачината на земјотресот изнесува 4.1 степен.
Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел. Засега нема информации за материјални штети.
Слично
