Силен ветер во Скопје: Летаа цвеќиња по балконите
Силен ветер утрово вознемири скопјани во некои делови од градот. Ветрот дури носеше полесни работи, а во некои наслеби снемало и струја. Ветрот кој беше со посилен интензитет не траеше долго.
Од Управата за хидрметеоролошки работи за денеска најавија променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. На места ќе има локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Во најавата стои дека ќе дува умерен, а попладне вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северозападен правец.
И утре времето ќе биде сончево, а максималните температури ќе бидат до 29 степени.
Слично
