Силен ветер го „шиба“ Скопје
По драстичното влошување на временските услови Скопје во изминатото денонеќие е погодено од силен ветер со измерена брзина од 70 километри на час.
Најстудено утринава е во Лазарополе, Крушево и Маврово каде што се измерени -6 степени, а најтопла е Гевгелија со пет степени и Дојран со четири степени.
Снег има во Маврово, Претор и Тополчани по пет сантиметри, во Крушево и Охрид четири сантиметри, додека Крива Паланка, Ѓуриште и Битола имаат по два сантиметри снег. Висината на снежната покривка во Лазарополе е само еден сантиметар.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Маврови Анови - 33 литри на квадратен метар, а најмалку во Гевгелија и Дојран само еден литар на квадратен метар.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, повеќе изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава. Максималната температура ќе достигне од 1 до 8 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до шест степени.
Утре ќе преовладува суво и потопло време со умерен ветер од југозападен правец, а за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.
