СИЛЕН ВЕТЕР, ДОЖД, ГРМОТЕВИЦИ И ГРАД - денеска не очекува променливо време, бидете внимателни
Во текот на денешниот ден територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 литри на метар квадратен) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења и со услови за појава на град, пишува метеопргонозерот Славчо Поповски.
- И во Скопје и околината во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи ио со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град - нагалсува Поповски.
Поради очекувањата за обилни врнежи од дожд и налет на силен ветер, денеска целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза.
- Апелирам во случај на појава на силно невреме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер автомобилите да се заштитат, односно да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени - укажува Поповски.
Инаку температурите денес Сабота 16 Мај 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
