Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ВЕТАР И НАНОСИ: Не патувајте преку Велес - Штип и Кочани, Лозово,Сарамзалино и Крупиште

СИЛЕН ВЕТАР И НАНОСИ: Не патувајте преку Велес - Штип и Кочани, Лозово,Сарамзалино и Крупиште

Последните информации од АМСМ велат дека силен ветар и наноси од снег има кај делницата Велес - Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште.

Доколку немате исклучителна потреба не патувајте преку овие патни правци.

Ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Македонијапат се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот.

Во 21:00 ч. поради снежни наноси воведена е забрана за сообраќај на магистралниот пат Штип – Радовиш кај м.в.Калимерово.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово, Ѓавато и Плетвар, како и на патните правци Штип – Велес и Крива Паланка – г.п. Деве Баир.

Слично

Поврзани вести