СИЛЕН ПОЖАР, ГОРИ ДАБОВА И БУКОВА ШУМА: Се вклучи и Ер тракторот во гасење
Силен пожар изби денес, петок, околу пладне, на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност викана Лозје, над селото каде продолжува да гори дабова и букова шума.
За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и ПП работници од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер трактор на ДЗС како и еден полициски хеликоптер.
Слично
