Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен грчки земјотрес ја стресе и Македонија

Силен грчки земјотрес ја стресе и Македонија

Силен земјотрес од 5.4 степени денеска во 9.12 часот ја стресе Грција, при што истиот е почувствуван и во Македонија и Албанија. 

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар даде податок од 5,1 степен за истиот потрес, пренесе Екатимерини.

Земјотресот бил во близина на градовите Трикала и Лариса.

Според Опсерваторијата на природно математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почуствуван и во Макеоднија со јачина од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. 

Нема информации за евентуални оштетувања или повредени.

Државната новинска агенција АНА-МПА соопшти дека имало лизгање на руралните патишта.

Слично

Поврзани вести