(ФОТО) Силен дожд во Скопје, ветерот искрши дрвја
Силен дожд 15-тина минути паѓаше во Скопје, а има и искршени дрвја во населбата Аеродром.
Синоптичарите најавија дека попладне ќе има нестабилност со услови за дожд и невреме. Деновиве имавме високи температури во државата.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер.


Слично
