Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИЛАТА ВО СДСМ СЕ ВРАЌА“: Филипче вели не отстапуваат од борбата да ја вратат државата на вистинскиот пат

„СИЛАТА ВО СДСМ СЕ ВРАЌА“: Филипче вели не отстапуваат од борбата да ја вратат државата на вистинскиот пат

За една година Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи недомаќинско и неодговорно управување со државата. Вакви неуспешни политики и негрижа за иднината на земјата и граѓаните, Македонија не памети, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Струга.

„Оваа влада не направи ништо за да им помогне на граѓаните во услови кога цените во маркетите дивеат. Не вложија во раст на платите на граѓаните - важна им е само ПР пропагандата за своите неуспешни политики да ги прикажат како успех.

Покажуваат неточни бројки, се фалат дека сме биле четврта економија во Европа, додека свесно ја туркаат државата во должничко ропство. Како никогаш досега сме задолжени, нов долг од 7 милијарди евра - долг кој останува на товар на идните генерации. Тоа е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ништо, освен личните интереси и профит.

За лошите економските политики, за закочениот евроинтеграциски процес, како и за подготвките за претстојните локални избори, разговаравме на регионалниот партиски состанок во Струга. Силата во СДСМ се враќа, не отстапуваме од борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат“, рече тој.

Слично

Поврзани вести