Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сијарто тврди дека Груевски се залага за Македонија во ЕУ

Сијарто тврди дека Груевски се залага за Македонија во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека екс премиерот, Никола Груевски од Будимпешта силно се залагал земјава да стане дел од Европската Унија.

„За некој што бил премиер во овој регион 10 години, претпоставувам дека има многу добро сознание и разбирање на регионот и јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии, меѓутоа можам да ви кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ“, вели Сијарто.

Тој денеска беше во посета на земјава. Шефот на унгарската дипломатија важи за голем поддржувач Македонија да добие Датум за преговори со ЕУ, и покрај аферата со издавањето на азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Слично

Поврзани вести