СИЈАРТО ЌЕ ПРАТИ ВОЗИЛА: Употреби термин „северномакедонски пријатели“
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ќе прател три противпожарни возила на „северномакедонските пријатели“. Вака стои во неговата објава.
Ова го потврдил Сијарто во разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, пренесува унгарскиот портпарол Золтан Ковач.
„Со летните топлотни бранови жал ни е што слушаме за огромни шумски пожари во нашето пошироко соседство. За жал нашите северномакедонски пријатели сега се соочуваат со екстремни предизвици предизвикани од такви пожари. Како пријатели мораме да им помогнеме“, изјавил Сијарто.

За придавката северномакедонски Министерството за надворешни работи(МНР) досега постојано реагирало на секоја употреба на несоодветната придавка.
Но, до овој момент МНР нема своја реакција.
Повеќе земји ќе помогнат на Македонија да се справи со пожарите.
