Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сијарто кажа кога ЕУ треба да почне преговори со Македонија

Сијарто кажа кога ЕУ треба да почне преговори со Македонија

Шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто апелира Европската унија да започне преговори за членство со Македонија и Албанија наредното лето. 

Сијарто им честита на Србија и Црна Гора за отворањето нови поглавја во преговорите за пристапување кон ЕУ.

Тој вели дека забрзувањето на европските интеграции на Западен Балкан е „најдобро оружје“ за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот на долги патеки.

Говорејќи на Конференцијата за сеопфатна контрола на малокалибарското и лесно оружје на Западниот Балкан, што се одржа во Париз, Сијарто изјави дека Унгарија им помага на Македонија и Србија во граничната контрола, не само кога станува збор за илегалните мигранти, туку и кога е во прашање илегалната трговија со оружје.

„Мораме да водиме сметка за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, затоа што тоа има влијание на цела Европа“, изјави Сијарто. 

Тој оцени дека земјите од Западен Балкан ги прекинале „опасните трендови создавајќи линија на одбрана на Европската унија“.

Слично

Поврзани вести