Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сијарто ја повика ЕУ најдоцна до март да ги почне преговорите со Македонија

Сијарто ја повика ЕУ најдоцна до март да ги почне преговорите со Македонија

Унгарија бара почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ најдоцна до крајот на првото тримесечје во 2018 година, вели унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто. 

Тој ја повика ЕУ да ги забрза европските интеграции на Западниот Балкан, при што преговорите за членство со Македонија и со Албанија треба да почнат до март следната година.

„Забрзувањето на процесот за пристапување е гаранција за безбедноста. Нестабилноста и тензиите на Западниот Балкан е сериозен ризик за цела Европа. Имаме барања во таа насока“- рече тој.

На министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Состанокот во Будимпешта се одржува во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, а исто така се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија. Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести