Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЈАРТО: Бугарија отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години

СИЈАРТО: Бугарија отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто денеска од Скопје изјави дека Европската Унија(ЕУ) јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство. Тој нагласи дека доколку се искрени во намерата дека сакаат да влеземе во Унијата, не би чекале 20 години на полноправно членство.

„Бугарија навистина отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години во редот, заради тоа што Бугарите се спротивставуваат. Не лутете се, но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е многу потешка. Во овој момент оние државите-членки во ЕУ коишто го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство“, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.

Сијарто потенцира дека за време на унгарското претседавање со ЕУ вложиле силни напори да се забрза процесот на зачленување на Западен Балкан во ЕУ, но постојано налетувале на ѕидови. 

Албанија го отвори и 4-от кластер, а Македонија не може да ги почне преговорите. Црна Гора и Албанија според најавите на европските политичари, први ќе влезат во ЕУ од регионот. 

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

Слично

Поврзани вести