Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИГУРНА ПОБЕДА СО ДАНЕЛА АРСОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа претседателката на ССК во трката за градоначалник на Скопје

СИГУРНА ПОБЕДА СО ДАНЕЛА АРСОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа претседателката на ССК во трката за градоначалник на Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска по партискиот состанок, изјави дека ќе ја поддржат Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

-Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска, истакна Мицкоски, нагласувајќи дека таа е докажана личност и натпартиски човек која ќе ги обедини сите.

-Во Скопје има недостаток од градоначалник и тим кои ќе го унапредат градот. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација, Партизанска се поплавува, нема Луна парк, а има бетон, бетон и бетон. Бетонот го загрозува квалитетот на животот. Епилогот е создавање на апатија, гадење од политика кај граѓаните, демотивација. Затоа на Скопје му е потребен менаџер на градот. Личност кој ќе ги обедени сите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски тврди дека Данела Арсовска сигурно ќе победи на претстојните локални избори и ќе биде нов градоначалник на Скопје.


Слично

Поврзани вести