СИЕР: Нормираниот учинок ќе дозволи манипулации за минималната плата
Терминот нормиран учинок да се исфрли од измените на Законот за минимална плата, бара Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството. Доколку овој термин остане во законот тогаш нема гаранција дека работникот ќе ја добие минималната плата. Со воведување на норма за да се добие минимална плата се остава простор за манипулации, злоупотреби и притисоци од работодавецот.
Сидникатот на индустријата, енергетиката и рударството, со писмено соопштение тврди дека кога на Економско-социјалниот совет во јули годинава бил усвоен текстот на законот од сите засегнати страни тогаш зборот „нормиран учинок“ не бил во него.
„Затоа се прашуваме кој, зошто и во чие име ја додаде повторно оваа формулација? Такво нешто нема во регулативата за минимална плата во нашето опкружување ниту во земјите членки на ЕУ.“ - соопштуваат од СИЕР.
