Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИБИРСКИ СТУД ЗА ВЕЛИГДЕН: Попоски предупредува на мразеви и температури далеку под просекот

СИБИРСКИ СТУД ЗА ВЕЛИГДЕН: Попоски предупредува на мразеви и температури далеку под просекот

Студен бран со карактеристики на сибирско време ќе ја зафати Македонија за време на велигденските празници, предупредува метеорологот Славчо Попоски во најновата прогноза.

Според него, на самиот ден Велигден, 12 април, ќе има продор на значително постуден воздух од север и североисток, што ќе доведе до пад на температурите далеку под просекот за овој период од годината.

  • -Температурите ќе бидат далеку под просекот за месец април, а веќе наутро постои се поголема веројатност за појава на мразеви на повеќето места во Македонија, што ни малку не е добро, особено за овошките кои се во полна фаза на цветање - предупредува Попоски.

Тој додава дека ситуацијата околу врнежите и евентуалниот снег сè уште е неизвесна, односно останува отворено прашање дали ќе има дополнително влошување на времето.

  • -Конечна метео анализа околу ова ќе објавам најдоцна до Велики четврток навечер, 9 април 2026 - посочува Попоски.

Најавата за мразеви во средина на април предизвикува загриженост, особено кај земјоделците, бидејќи ваквите временски услови може сериозно да го загрозат родот оваа сезона.


Слично

Поврзани вести