Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИ ЗАМИНА ДЕШИФРИРАЧОТ НА КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА - почина професорот од ФЕИТ, Аристотел Тентов

СИ ЗАМИНА ДЕШИФРИРАЧОТ НА КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА - почина професорот од ФЕИТ, Аристотел Тентов

Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ, познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета.

Во својот плоден научен живот, автор е на десетици дела од областа на компјутерската наука и електроинженерството, но исто така, освен дешифрирањето на Каменот од Розета со академик Томе Бошевски во 2005 година, автор е и на огромен број дела и трудови од областа на истражувањето на древна Македонија.

Познат е и по тоа што ги има дешифрирано сите декрети напишани од Птоломеите, од Птоломеј II до Птоломеј VII.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на градските гробишта Бутел денеска.

Од него се опростуваат пријателите и познаниците преку фејсбук. 

„Си замина читачот на македонскиот матрикс, Аристотел Тентов.

Бог да го прости и народ памети“, напиша Борис Дамовски.



Слично

Поврзани вести