Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИ СПАКУВАЛ 400 КИЛОГРАМИ ПЛОЧКИ ВО КИА - работел како обезбедување, сакал да си однесе дома од стоката

СИ СПАКУВАЛ 400 КИЛОГРАМИ ПЛОЧКИ ВО КИА - работел како обезбедување, сакал да си однесе дома од стоката

Скопјанец е уапсен во моментот кога сакал да украде голема количина на плочки за пруги. Тој од фабрика си „спакувал“ плочки и планирал да ги изнесе од таму со „киа пиканто“, но планот не му успеал, бидејќи полицијата го фатила во моментот на кражбата. 

- На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје. Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми. Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се наведува во полицискиот билтен. 

Слично

Поврзани вести