Економија, финансии, бизнис

Контакт

Си осигура место во раководството на ДУИ и назад на операција - Бујар Османи на работното место

Си осигура место во раководството на ДУИ и назад на операција - Бујар Османи на работното место

„Конгресот заврши, сега да се фатиме за работа“. 

Со овој пост но и со фотографија од операциона сала на фејсбук профилот, вицепремиерот за евроинтеграции од ДУИ, Бујар Османи, ја прогласи како успешна завршената работа на 4 конгрес на партијата, на која беше реизбран Али Ахмети за старо нов лидер на партијата, како единствен кандидат. 

А Бујар Османи е еден од партиските членови кој влегува и во новиот состав на Генералниот совет на партијата, покрај градоначалниците Теута Арифи и Рамиз Мерко, поранешните градоначалници Изет Меџити и Фатмир Дехари, но и покрај Артан Груби, пратеник и координтор на пратеничката група на ДУИ. Генералниот совет брои околу 100 членови, од кои дел се членови по функција. Во новиот Генерален совет влегоа и спикерот Талат Џафери, пратеникот Џевад Адеми, како и министрите Крешник Бектеши и Арбер Адеми.

А во советот веќе нема место за вицепремиерот Садула Дураки, Муса Џафери, Бекир Асани, поранешниот вицепремиер Хазби Лика. Во јавноста се толкува дека Ахмети успеал елегантно да отстрани дел од партиските кадри кои ги следеа контроверзии во претходниот период. 

Слично

Поврзани вести