Си го убил братот во Кавадарци, па го закопал во двор
С.И.(43) од Кавадарци го признал делото дека на 27 јули 2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет му нанел повреди на неговиот брат И.И.(42), од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.
- Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.
Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење, објави полицијата.
Вчера полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.
Слично
