Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шврговски: Сумата што ја нуди Мијалков е пристојна

Шврговски: Сумата што ја нуди Мијалков е пристојна

Правниот застапник на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, вели дека е пристојна сумата од еден милион евра која ја нуди поранешниот директор на УБК како гаранција дека нема да бега и со тоа да му се даде можност да се брани по обвиненијата од слобода, наместо од притвор.

Одбраната на Мијалков ја очекува одлуката на Кривичниот совет следните денови штом ќе пристигне мислењето од Специјалното јавно обвинителство за тоа дали Мијалков би организирал бегство или не, по она на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

„Во одлуката на судијата на претходна постапка стоеше дека Мијалков влијаел врз двајца сведоци за случајот ‘Империја’. Ние се жалевме и рековме дека ако се види зборот влијание што значи во етимолошка смисла, во овој случај ниту имало некаква закана, ниту имало некаква уцена, ниту имало укажување. Ништо од тоа не беше исполнето, судијата на претходна постапка тоа не го прифати, но Кривичниот совет го прифати нашиот аргумент и одлучи дека немало влијание врз сведоци. Едниот сведок немаше никаков контакт со Мијалков“, изјави Шврговски за „Независен“.

Тој смета дека сумата која ја нуди Мијалков со гаранцијата е пристојна и очекува судот да донесе одлука да се брани од слобода. 


Слично

Поврзани вести