Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шврговски го менува All star адвокатот Додовски за одбраната на Мијалков

Шврговски го менува All star адвокатот Додовски за одбраната на Мијалков

Откако Никола Додовски се повлече од одбраната на повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ во предметите кои ги води СЈО, нов адвокат на Сашо Мијалков екс директорот на УБК ќе биде адвокатот Љупчо Шврговски познат на јавноста како поранешен јавен обвинител, пренесува Телма.

Шврговски вели дека во конкретните предмети влегува на местото на Додевски, но нема информација дали неговиот колега нема да ги брани и другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. И другите адвокати од тимот на Додевски денеска велат дека немаат информации и не сакаа да коментираат. Додевски претходно беше повикан за сведок во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Одбраната на обвинетите од СЈО ќе се надополни и со други познати адвокатски имиња. Причините за повлекување на Додевски освен за случајот „Талир“ каде е повикан како сведок за останатите предмети не е посочена.

Слично

Поврзани вести