ШВЕРЦУВАЛЕ 700 КГ. КОКАИН ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА: Актерката Стојановска главна во медиумите од регионот
Полицијата објави детали за истрагата и снимката за апсењето на меѓународна нарко-група , предводена од двајца Македонци и чија членка била актерката Силвија Стојановска. Оваа вест наголемо ја пренесоа и медиумите од регионот кои излегоа со наслови: „Детали од апсењето на познатата Југословенска актерка поради 700 климограми кокаин! Нејзиниот сопруг лидер на кланот, а еве каква била нејзината улога“..., „Еве како падна нарко-банда на чие чело е сопругот на позната актерка-Шверцувале вреден кокаин“ ...
Членовите на оваа криминална група организирале превоз на вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија, што во големо би достигнало цена од 20 милиони евра. Дрогата беше запленета во Мадрид на 18 декември. Целата меѓународна операција беше координирана од полицискиот штаб во Скопје и Мадрид - рече министерот Оливер Спасовски.
Акцијата беше спроведена во соработка со полицијата на Македонија, Шпанија и Колумбија во координација со американската ДЕА.
- Целта на оваа операција беше да се потисне меѓународна криминална група и да се апсат лица идентификувани како дел од меѓународна криминална мрежа составена од криминални соработници од Северна Македонија, Шпанија, Белгија и други земји - рече македонскиот министер за внатрешни работи.
Спасовски прецизираше дека актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ - лидер на групата - биле уапсени во Скопје на 18 декември во Мадрид, додека неговиот брат, заедно со двајца државјани на Шпанија во Мадрид, додека се трага по уште двајца членови на бандата (турски и грчки државјанин).
- Водач на оваа група е првопријавениот В.Б, кој поради забраната за патување во земјите од ЕУ го ангажирал својот брат, жител на Белгија, со кого остварувал редовни контакти и состаноци во Скопје од јули до декември, каде преговарале за чекорите за пренесување и дистрибуција на кокаин - рече министерот за полиција.
Силвија Стојановска последователно резервирала стан во Мадрид во име на неговиот брат и платила со нејзината картичка, и уште еднаш отпатувала за Шпанија за да подигне 10.000 евра од шпански државјанин, најверојатно поврзани со овие криминални активности.
Спасовски рече дека она што е карактеристично за групата на организиран криминал е дека комуникацијата „се одвивала во лични и директни средби во Скопје, Мадрид, Белград, Дубаи, Канкун (Мексико) и Картагена (Колумбија) и високо-безбедносни Интернет комуникации“.
Обвинителката Маја Коневска рече дека биле претресени две локации во Скопје и дека биле пронајдени доволно докази за да се докаже основано сомнение за вмешаност на двајца приведени (Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг) во недозволена трговија со дрога.
