Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шверцери“ демантираат: „16-годишното момче не е нападнато од наши членови“

„Шверцери“ демантираат: „16-годишното момче не е нападнато од наши членови“

За вчерашниот немил настан во центарот на Скопје во кој со нож беше прободено 16-годишно момче се огласија од навивачката група „Комити, кои преку соопштение на социјалните мрежи изјавија дека момче е жртва на навивачка група, и ги обвинија „Шверцери“ дека стојат зад овој настан.

Исто така, „Комити“ побараа од надлежните органи на нашата земја што е можно побрзо да го расчистат овој случај и еднаш за секогаш да се стави крај на ваквите немили сцени.

Но, доцна синоќа приврзаниците на Шкупи преку соопштение на социјалните мрежи ги демантираа овие обвинувања и од „Комитите“ и побараа доколку имаат какви било докази да ги покажат во јавност.

„Навивачката група „Комити“ нè обвини за нешто кое ние не сме го направиле. Ние како „Шверцери“ категорично тврдиме дека воопшто не сме поврзани со нападот на 16-годишното момче. Ниту еден наш член во тој момент не беше на таа локација, кога беше нападнато момчето. Искрено, не знаеме зошто нам нè обивнуваат. Доколку „Комитите“ имаат каков било доказ за овие обвинувања нека го покажат во јавноста. Но, знаат дека не е така. „Шверцерите“ никогаш нема да бидат како нив, кои напаѓаат жени и деца. На крај сакаме уште еднаш на напоменеме дека овој случај нема никаква врска со нас“, пишува во соопштението на навивачката група од Чаир.


Слично

Поврзани вести