Швеицер Блум: Ние со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада
Ние со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада, вели Микаела Швеицер Блум, заменик-амбасадор на САД и вршител на должноста амбасадор.
Таа вели дека е одлична работа за Македонија и луѓето во Македонија што процесот за формирање влада се движи во следната фаза и што наскоро ќе гледаме формирање на нова влада.
„Ние со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада штом ќе се формира. Се надеваме дека ќе се формира брзо. Има многу работи кои треба да се направат за Македонија да оди напред кон итните реформи и на патот кон евроатлантската заедница. САД остануваат пријател и партнер на Македонија, очекуваат да соработуваат со новата влада и да ја поддржуваат и помагаат во спроведувањето на реформите“- стои во изјавата на Швеицер Блум.
Од американската амбасада додаваат дека е важно да се нотира дека Иванов и лидерите на мнозинството коалициски партии нашле начин да соработуваат на конструктивен начин за да дојдат до ова позитивно место за луѓето во Македонија.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска напладне од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов го доби мандатот за составување влада.
