Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведскиот амбасадор Стафансон: По се изгледа дека Владата го има неопходното 2/3 мнозинство

Шведскиот амбасадор Стафансон: По се изгледа дека Владата го има неопходното 2/3 мнозинство

Матс Стафансон, шведскиот амбасадор во Македонија на Твитер напиша дека во очекување на гласањето во Парламентот. 

Според него, изгледа дека Владата го обезбедила потребното двотретинско мнозинство.

„Вечерва во парламентот се очекува клучното гласање за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. По сè изгледа дека Владата го има неопходното 2/3 мнозинство. Конечно тоа ќе ја отвори НАТО и ЕУ перспективата за Македонија. Многу новинарски извештаи за закани кон опозициските пратеници кои ќе гласаат „за“, напиша амбасадорот Стафансон.


Во 21 часот ќе почне долгоочекуваната седница. 

Слично

Поврзани вести