Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведската шефица на дипломатијата со поддршка за Џафери и бара насилниците да одговараат

Шведската шефица на дипломатијата со поддршка за Џафери и бара насилниците да одговараат

Новоизбраниот претседател на Парламентот во Македонија мора да се почитува, вели шведската министерката за надворешни работи, Маргот Валстром.

„Претседателот беше избран од страна на парламентарното мнозинство и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Шведска силно ги осудува шокантните акти на насилство кои следеа по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо за една демократија и одговорните лица треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Следниот чекор сега е да се формира нова влада што е можно побрзо во Македонија, каде предвремени парламентарни избори се одржаа кон средината на декември. Вратата на ЕУ е отворена за сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија“ - наведува  Валстром.

Потребни се итни реформи во земјата и не треба да има пречки за мнозинство во парламентот да формира нова влада,  пишува во изјавата на шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром.

Слично

Поврзани вести