ШВЕДСКАТА МИНИСТЕРКА РОЗЕНКРАНЦ СЕ ПОЧАСТИ СО „СИМИТ ПОГАЧА“: Денот започнува со локален специјалитет!
Шведската министерка за европски прашања Јесика Розенкранц, која денеска е во посета на Македонија, и има средба со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, преку социјалните мрежи сподели фотографии од центарот на Скопје.
Во објавата соподели фотографии од нејзиниот „макеоднски доручек“, во кој може да се види дека доручува домашен специјалитет Симит погача. Со овој чекор Розенкранц пкажува почит кон македонската кујна и нашите специјалитети.
- Денот во Скопје започнува со локален специјалитет!
Министерка Џесика Розенкранц, го започна напорниот ден со енергетски појадок пред нејзината прва средба со министерот за ЕУ, Муртезани, и Министерството за надворешни работи.
Специјалитет „лепче во лепче“ – Симит погача, типично скопско пециво, каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед кон еден од најзначајните локалитети во градот - стои во објавата на Фејсбук.
Фото: принтскрин/Фејсбук
