Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска го одби еврото

Шведска го одби еврото
Шведска не планира да влезе во монетарната унија на ЕУ, затоа што не сака да ги покрива загубите на финансиските институции на други земји, изјави синоќа шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд по средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел. „Шведска нема да ги покрива банкарските загуби на други земји. Кај нас имаше криза во 90-те години, но ние не молевме за помош и сами се грижевме за себе“, истакна Рајнфелд. Сепак тој појасни дека ќе се однесува позитивно кон потесната соработка во рамки на ЕУ. Монетарната унија има за цел создавање стабилизациски механизми, кои овозможуваат  стабилност на финансиските институции, и доколку е  неопходно, нивно реструктуирање, без да се прибегнува кон користење буџетски средства.
Слично

Поврзани вести