Шумските пожари во Македонија загрозуваат национален парк, цркви, лозја и одморалиште
Голем број делови од Македонија се опфатени од обемни шумски пожари, кои бараат и евакуација на жителите. Поради високиот ризик од пожари, македонската влада прогласи 24-часовна забрана за задржување во шумите и околината.
Во Фариш, во близина на Кавадарци, огнот ги зафати лозјата, а загрозени се и куќите и црквата. Во селото Росоман, кое е исто така во близина на Кавадарци, веќе има штета кај црквата и гробиштата, а пламени јазици се доближуваат до куќите.
Исто така, постојат извештаи за пожари од околината на Преспанското Езеро во југозападниот дел на земјата, каде што пожарот опфатил околу 300 хектари шума, овоштарници и вегетација околу езерото. Пожарот ги загрозува одморалиштата Отешево и Сирхан.
Пожар, исто така, беснее во Националниот парк Галичица.
