Шумската полиција по 12 години доби нови чизми
Шумската полиција по 12 години доби нови чизми, објави Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Припадниците на Шумската полиција симболично ги доби првите чизми, а останатите ќе се распоредуваат по станиците.
Хоџа на настанот најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи, а додаде дека на вчерашната владина седница, пак, е усвоена Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективниот договор на овластените службени лица во Шумската полиција, со што по 22 години на шумските полицајци ќе им се зголемат платите и правата.
– Чизмите во наредните денови ќе се дистрибуираат до сите шумски полициски станици. За нивна набавка се искористени 2,5 милиони денари од над десетте милиони колку што чини набавката заедно со униформите. Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за здравје и безбедност при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен и затоа е клучно да има соодветна лична заштита согласно ЕУ стандардите и меѓународните прописи. Набавените чизми се токму такви – рече министерот.
