Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шукова: Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка?

Шукова: Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка?

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, денеска на прес-конференција изрази длабока загриженост поради сериозните пропусти во работата на Министерството за внатрешни работи под водство на Панче Тошковски. Таа истакна дека бројот на жртви и трагедии станува неподнослив, а институциите не реагираат на време за да ги заштитат граѓаните.

„После толку жртви, убиства и целосен распад на безбедносниот систем, се поставува едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка? Граѓаните веќе одамна знаат дека нема ниту систем, ниту морал“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека случаите на семејно насилство, фемициди и сериозни злоупотреби на малолетници се зачестени, а институциите често ги игнорираат претходните пријави. Меѓу последните трагедии се убиства во Скопје, Велес, Старо Нагоричане и Кочани, како и случај со пет тони дрога кои минале преку границата без контрола.

„Во последните две години, со ВМРО-ОКГ на власт и Тошковски на чело на МВР, граѓаните живеат во страв, несигурност и секојдневно насилство – во училиштата, домовите и на улиците. Одговорноста е директна кај министерот. Системот е ставен во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните“, истакна Шукова.

Таа повика на итна реакција и побара Панче Тошковски веднаш да поднесе оставка.


Слично

Поврзани вести