Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија, да палат кабли и друг токсичен отпад со што го трујат цело Скопје“: Ангелов со контра реплика

„Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија, да палат кабли и друг токсичен отпад со што го трујат цело Скопје“: Ангелов со контра реплика

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов со остра реакција и возврати на кандидатката за градоначалник на град Скопје од редовите на опозициската СДСМ, Каја Шукова и на нејзините критики изречени кон него. 

Тој „поттикнат“ од нејзината изјава пишува дека Шукова сака Ромите да продолжат да живеат на депонија, да го загадуваат цело Скопје, но и да продолжат со предизвикување пожари со топење на кабли и токсичен отпад. 

Еве го неговото објаќање.

- Во денешната реакција кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели: "Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт". 

Ова значи дека Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија. Сака овие Роми да продолжат да палат кабли и друг токсичен отпад предизвикувајки дополнителни пожари во депонијата Вардариште со што го трујат цело Скопје. Сака узурпација и небезбедни дивоградби на државно земјиште. 

Чисто како информација, би било убаво кога Шукова би позборувала со претставници на неколкуте здруженија на граѓани кои се борат против загадувањето кое се шири од дивата депонија Вардариште. Притоа нека ги запраша колку пати вербално и физички се нападнати од лица кои најверојатно живеат во дивата населба во Вардариште. 

 За крај, јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам „преживувањето" на неколку десетина ромски семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади граѓани на Скопје кои секојдневно вдишуваат отрови настанати од согорување на кабли и друг токсичен отпад. 

Бидејки, за мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните секогаш се на прво место - истакнува на крајот од реакцијата директорот Анегелов. 

Претходно Шукова остро го критикуваше директорот на ДЗС поради неговата изјава за иселување на Ромите од Вардариште, локација која со денови чади, по пожарот кој таму избувна и која предизвика значително загадување во околните населби. 

- Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ‘на сила да бидат иселени’? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите - објави Шукова додавајќи дека Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.

- Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање - наведе Шукова.

Власта е неспособна и шири ароганција и гнев поради сопствените неуспеси.

- Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок - наведе Шукова.

Слично

Поврзани вести