Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шукова го повика Ѓорѓиевски на јавна дебата

Шукова го повика Ѓорѓиевски на јавна дебата

Каја Шукова, кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје,го повика избраникто на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори,Орце Ѓорѓиевски, на јавна дебата за ситуацијата во која се наоѓа главниот град на земјата.
Како причина за јавно соочување, таа ги наведе пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, за кои, според Укова, ВМРО-ДПМНЕ нема решение.

„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден“, рече Шукова.

Таа додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. 

„Додека градот се гуши во ѓубре и чад, тие одржуваат прес-конференции за нереални фестивали, паркови на контаминирано земјиште за евтини партиски поени. Но, град не се води со флоскули“, додава Шукова.

Слично

Поврзани вести