Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ШУКОВА ДИРЕКТОР НА „КОМУНАЛЕЦ“, МАРКОВСКИ СОВЕТНИК: Ѓорѓиевски им најде место на противкандидатите ако победи во Скопје

„ШУКОВА ДИРЕКТОР НА „КОМУНАЛЕЦ“, МАРКОВСКИ СОВЕТНИК: Ѓорѓиевски им најде место на противкандидатите ако победи во Скопје

Првата подземна сообраќајница ќе биде реализирана во мојот мандат, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Првата јавна набавка која што ќе биде распишана, а е поврзана со големи проекти е Лимак. Има неколку фази, два кружни тека имаме кон Кисела Вода и еден е елипсоиден кружен тек од страната кај „Нова Македонија“.  Веднаш штом ќе влезам во Град Скопје ќе бидат отпочнати процеси за распишување на тендерска постапка за реализација на Лимак“, рече Ѓорѓиевски во интервју на ТВ21.

Кандидатот за градоначалник вели дека секоја идеја од противкандидатите која ќе придонесе за поквалитетен живот ќе биде земена предвид и применета.

„Горан Марковски ќе биде вклучен после изборите како дел од моите советници доколку би прифатил таква работа да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на „Комунална хигиена“. Може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор. Така што, апсолутно јас сум растоварен од тоа кој од каде доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Одговарајќи на прашање за бараките во кои е сместена градската администрација, смета условите се супстандардни за вработените.

„Јас сакам и морам да имам ефикасна администрација. Што се однесува до Градот Скопје и просторните услови таму, веќе разговаравме со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и со директорот на СОЗР Ивица Томовски, разгледуваме две опции што ќе можеме да ги прмениме откако би ја преземал власта во Градот Скопје. Не можам подетално да одоговорам денеска, но дека ќе создадеме подобри просторни услови и за странките, но и за вработените, ќе создадеме. Конечно бараките ќе се дислоцираат од Градскиот парк“, додаде тој.

Слично

Поврзани вести