Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрик: Македонија треба да има европска перспектива, a бугарските барања немаат врска со критериумите за ЕУ

Штрик: Македонија треба да има европска перспектива, a бугарските барања немаат врска со критериумите за ЕУ

Не гледаме деструкција од Македонија, туку загадувачки процес од Бугарија,  вели  холандската европратеничка од Пратеничката група на Зелените, Тинеке Штрик за „ЕУ Обсервер“, пренесе новинската агенција МИА.

Таа додава дека „бугарските барања кон Северна Македонија за идентитетските прашања немаат никаква врска со критериумите за зачленување во Европската унија (ЕУ).  Штрик додава дека бугарската блокада на земјава претставува ризик за нарушување на кредибилитетот на ЕУ како во земјава, така и регионот.

Наведува дека „Северна Македонија потрошила децении на решавање на спорот за името со Грција, по што во 2018 двете држави го постигнаа Договорот од Преспа, со што се расчисти патот за старт на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, пренесе МИА. Смета дека Македонија треба да има европска перспектива и дека ЕУ треба да ѝ ја даде таа перспектива. 

Европскиот парламент денеска ја почна седницата на која треба да се изјасни за Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија. Завчера неколкумина европратеници поднеосоа Амандман на текстот во кој се бара бугарските власти да престанат со провокативни изјави кон Северна Македонија. За ова се побунија бугарските политичари кои сметаат дека оваа реакција е резултат на скопското лоби. Претходно, со месеци имаше провокации од бугарски политичари кои ги спореа јазикот, нацијата и македонската историја. 

Слично

Поврзани вести