Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ: Какво решение нуди Владата за „Колска“?

ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ: Какво решение нуди Владата за „Колска“?

Штрајкот во „Колска“ е ставен во мирување. 

За една недела „Колска“ ќе ги добие ветените 250.000 евра од буџетот, откако фабриката ќе го стави имотот под хипотека кај УЈП и сметката ќе биде одблокирана.

Парите кои ги вети Владата се доволни за две плати и покривање на извршни решенија, кои фабриката ги има. Со овие пари ќе се набават и репроматеријали, за да може „Колска“ да ги доврши вагоните на Македонски железници кои се донесени на поправка, велат од синдикатот.

Ова е епилогот од средбата која вицепремиерот за економски прашања,  Кочо Анѓушев ја имаше денеска со работниците. Вработените вчера, во знак на протест поради шест неисплатени плати,  ги блокираа возовите на станицата во Велес. Анѓушев им вети на работниците дека Владата наскоро трајно ќе го реши проблемот со „Колска“.

Владата во меѓувреме ја продолжува постапката за враќање на „Колска“ во состав на Македонски железници. 

Слично

Поврзани вести